Press "Enter" to skip to content

Совети од психолог: начини како да ја развиете самодовербата кај своето дете

Сите оние кои се родители и кои ќе бидат, се соочуваат со предизвикот на воспитување на своите деца особено денес  во современиот свет кога децата растат и ги развиваат своите интелектуални способности во услови на современа технологија – мобилни телефони, компјутери,  интернет и социјални мрежи.

Во следниот текст и други  ќе се обидеме да им дадеме одговори и препораки на сите оние родители кои сакаат добро воспитание на своите деца. Ќе почнеме со една филозофска мудрост од еден филозоф кога го запрашале  „Како да ги воспитаме своите деца? Тој им одговорил: „Воспитајте се прво себеси“.  А како да го образуваме? Тој им одговорил: „Образувајте се прво себеси. Тука ќе го најдете одговорот на тоа какво образование да им дадете“.

Оваа мудра мисла сигурно не поттикнува  да размислуваме и станеме свесни за тоа какви родители сме и какви модели на идентификација треба да им бидеме нашите деца. Со овој текст, и други понатаму, ќе се трудиме да ви помогнеме со препораки и совети како до подобро да го насочувате детето низ воспитувањето како нормален, емоционален и спонтан однос.

Самодоверба или позитивна слика за себе како дел од Емоционалната интелегенција може да се јакне и развива. Еве некои препораки за родителите кои сакаат да станат свесни како да ја поттикнат самодовербата кај своето дете.

1. Посветете му на детето доволно внимание и време кога сте заедно. Како родители ние мораме да бидеме секогаш тука за своето дете. Да му посветиме внимание. Така на пример ако шетате со детето немојте да ги испуштите моментите заедно за да гледате во телефонот и.т.н.

2. Исправувајте ги нежно грешките на детето. Би требало да бидете трпеливи при однесувањето со вашето дете. Ако направи грешка треба да се решава на мирен начин-  иако сме лути или бесни.

3. Немојте на детето да му зборувате – дека е безобразно, “смотано“, глупаво, во ситуации кога сте лути или на саркастичен начин. ( „За ништо не те бидува“, „ баш си неспретен“, „Сите те надминаа“).

4. Не му говорете ни – како е лукаво, паметно или добро.

5. Поставете граници и бидете одлучни во одлуките кои ги донесувате.

6. Поттикнете развивање на неговата самостојност давајќи му обврски.

7. Избегнувајте споредби. Не го споредувајте со браќа, сестри, другари. Никој не е подобар или полош од другиот.

8. Нагласете го трудот што го вложува, а не постигнатите резултати.

9. Немојте претерано да му ласкате и бидете конкретни. Пример, одлично ја среди својата соба, баш си уреден.

10. Разберете ги чувствата на детето.

11. Немојте премногу да го штитите детето. Не го контролирајте во секој момент.

12. Посветете се на секое дете од своите. Обрнете внимание како секое дете се чувствува.

Подготвил: Жанета Ристевска, психолог

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.