Press "Enter" to skip to content

Фудбалерите на зимски одмор, ќе чекаат кога и кој ќе се врати под Тумбе Кафе

По лошата полусезона на фудбалерите на Пелистер и по сите проблеми кои ги имаа оваа есен од вчера по завршувањето на последното коло од Првата фудбалска лига се на зимски одмор.

Оваа екипа не продолжи со тренинзите по крајот на полузесоната и не знаат како и на кој начин ќе ја продолжат соработката со Пелистер.

Каква разрешница ќе има во фудбалскиот клуб останува да видиме, но сега за сега никој од досегашното раководтво на Пелистер, кое има 75 проценти од акциите на клубот, не излезе со официјално соопшение како понатаму.

Инаку, веќе тројца фудбалери замина од Пелистер, а сигурно и други размислуваат во таа насока. Си заминаа Баже Илијовски кој неофицијално вели дека ќе настапува за вторилигашот Борец од Велес. Бразилецот и играчите од средината на теренот Оливер Пеев и Ристе Маркоски за кои интерес има од кичевскиот второлигаш Вeлазерими.

-Сега официјално сме на одмор, а ако има било каков сигнал од Управата ниеќе го пренесеме до фудбалерите и ќе продолжиме со работа, вели Спасе Ристевски, тренер на Пелистер, кој заминувањат од клубот вели дека нема информации, и дека сепак тоа е работа на Управата која го води клубот, а не на тренерот.

Фудбалерите на Пелистер пред десетина дена им беше исплатен дел од долгот кои го имаше клубот по основ на плати, но како велат се уште им се должи.

More from СпортMore posts in Спорт »