Press "Enter" to skip to content

Шверцувале дрога од Албанија за Грција, македонската полицијата ги спречила

Двајцата шверцери на дрога се фатени на поранешната, напуштена караулата кај село Лажец, а третото лице, помагачот, побегнал во непознат правец. Притоа кривична пријава и притвор од време тарење од 30 дена заработија двајцата државјани на Албанија, за транспорт на марихуана, хашиш и смола од хашиш од Албанија преку Македонија за Грција, стои во билтенот на МВР.

Според МВР, Р.А. (45) и Б.Г. (33) заедно со уште едно непознато лице, откако неовластено набавиле опојна дрога марихуана,  ја спакувале во најлонски паковки, ја ставиле во две патнички торби и од Албанија се упатиле преку Македонија да извршат транспорт на марихуаната во Грција. 

Во ноќта меѓу сабота и недела околу 01:30 часот од страна на полицајци од ГН „Меџитлија“,  биле забележани во близина на напуштената караула Лажец и на дадена наредба да застанат тројцата се дале во бегство.

По кусо време Р.А. и Б.Г. се фатени во непосредна близина на граничната линија со двете торби со марихуана, додека третото лице се упатило во непознат правец.

Од извршената анализа утврдено е дека во торбите има 38 најлонски паковки со марихуана со вкупна нето маса од 38,1 килограми.

Во торбите имало и 201 грам хашиш и околу 350 милилитри хашишова смола.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *