Press "Enter" to skip to content

Нови попусти од 20% во “Просветно дело“ – Книжарница 14 во Битола за сликовници

Од Книжарницата 14 во Битола, која се наоѓа на “Булеварот 1-ви Мај“, кај дрвеното мовче, дојде известување за нови попусти на текст сликовници.

Приказните на вашите омилени јунаци не застанувааат само со нивните филмски екранизации. Ариел, Аурора, Вини Пу, Аладин,  Lightning McQueen од мега франчизата и популарни филмови Cars, и многу други, сега во овие раскошни со илустрации и текст сликовници, доживуваат нови авантури, како што не сте замислиле досега. 

          

Убавината кај овие сликовници е тоа што вашите најмили ќе ги имаат за секогаш, а можат да се надополнат со нов дел во колекцијата веднаш, бидејќи се достапни во Книжарница 14 во Битола, по намалена цена. Хероите никогаш досега не биле позабавни, интересни и поомилени. Овие класични јунаци никогаш нема да исчезнат од срцата на вашите деца, внуци и мали пријателчиња. 

Приказната за Пепелашка продолжува преку нејзината внука Роуз која покрај тоа што се справува со титула „внука на Пепелашка“ , таа е редовен студент на Кралската Академија. 

Во изданијата кои се достапни во книжарниците на Просветно Дело, воедно и КНИЖАРНИЦА 14,  авантурите на Роуз се пресликани во прекрасни книги – сликовници, низ страници исполнети со илустрации од Франческо Мараско, а според текст на Маура Налини. 

Кралската Академија, домот на Роуз, е исполента со ученици кои се роднини на познатите ликови од омилените бајки, кои секојдневно се справуваат со предизвиците наметнати од нивните професори. Но пријателството, забавата, лудориите и изненадувањата никогаш нема да исчезнат од нивните животи, правејќи ги омилени за читање помеѓу најмладите.

Дојдете во Книжарница – 14 на “Просветно дело“ во Битола, каде покрај сликовници, ќе го најдете целиот асортиман кој го нуди оваа реномирана компанија.

More from КултураMore posts in Култура »