Press "Enter" to skip to content

Перица Поповски ја промовираше книгата, Воздухопловни радио управувани модели

Деновиве во кафулето “Аеро“ беше промовирана книгата, Воздухопловни радио управувани модели од авторот, Перица Поповски. Местото на промоцијата не беше случајно одбрано, бидејќи на ова место се наоѓаа просториите на аеро-клубот “Стево Патако“, каде беше член и Перица Поповски.

-Книгата е наменета за младите со цел да ги анимира младите да го сакаат воздухоплоството, а повозрасните, моите колеги да се потсетат за некои минати времиња. Младите мислам дека се оддалечија од воздухопловството, а на сите храбри млади треба да им се даде шанса да “летаат“. Конкретно, книгата е за другите поради било кои причини не “летаат“, да изработуваат воздухопловни радио управувани модели, како што е насловот на книгата. Кога јас престанав со летање, воздухопловството не го запоставив, продолжив со едукација на младите, со дел од нив учествував на натпревари, особено на првенството во Турција каде што освоив трето место и мислам дека ова е едно заокружување на цела моја активност, а и сакал оваа книга да биде поттик и моите колеги да работаат со млади кои ќе изработуваат аеро модели, вели Поповски.

Како повод за промоцијата на книгата на Поповски му послужија два јубилеи за кои вели:

-Поминаа 50 години од учеството на битолската екипа во воздухопловното едриличарство, а таа екипа беше во состав: Кире Ангелевски –Татаро, како пилот и јас Перица Поповски како негов помошник. Исто така пред 50 години битолските пилоти почетници, Јован Белчев и Цане Николовски, ја завршија моторната обука како пилоти почетници од Битола. А овие две случување кои се сличија пред точно половина век, беа повод да ја промовирам мојата книга и да се потсетиме за тие вредни настани за битолското воздухопловство. Инаку, книгата е наменета за млади, но и стари љубители на Воздухопловни радио управувани модели, односно модели кои се управуваат со радио станица за спортски цели. Ќерката на најдобриот инструктор по падобранство, Лазар Поповски,  ми испрати фотографии, а Поповски  имаше обуки на многу генерации падобранци , наставници по падобранство и се пензионира како референт по падобранство во Воздухопловниот Сојуз на Македонија.

Поповски бил член на едриличарската база во Битола, во рамките на аеро клубот, а љубовта кон летањето продолжила во неговиот професионален развој, а денес со гордост раскажува дека таа љубов ја пренел на своето поколение, на својот син кој е припадник на Воздухопловната бригада на АРМ.

На промоцијата член на Падобранската секција ги запознаваше присутните со падобранска опрема.

Инаку, Битола е колевка на едриличарството и моторното летање, а имала дури 13 наставници по едриличарство и 5 по моторно летање. Битолските пилоти работеле и работат во АРМ, во служба за гасење на пожари како и професионални пилоти.

Покрај промоцијата на книгата во кафулето “Аеро“ се отвори и изложба на стари фотографии со воздупловна тематика, а беше органирана од веб порталите www.babambitola.mk и Битола стари фотографии.

Фото: Перица Поповски

More from КултураMore posts in Култура »