Press "Enter" to skip to content

Празнувањата на УКЛО завршија со Свечена академија (фото галерија)

Во салата на Народниот театар во Битола се одржа Свечената академија, со која завршија свеченостите, со кои битолскиот универзитет го одбележа својот патрон Свети Климент Охридски.

На Свечената академија поздравна реч имаше Ректорот на УКЛО, проф. д-р Сашо Коруновски, кој откако ги поздрави гостите, рече дека патронот на УКЛО, Св. Климент Охридскик, со својата учителско-просветителска мисија застанал рамо до рамо со врвните книжевни дострели на византиската литература и беседништво.

-Свечената Академија што му ја посветуваме на Св. Климент претставува уште една можност повеќе, на настанот од овој вид, покрај предзнакот, префиксот сеќавање да го додадеме и префиксот среќавање за споделување позитивни мисли, моменти и искуства, но и споделување во смисла да проговориме за предизвици, проблеми и перспективи поврзани со она што е во основата на нашето толку специфично академско делување, рече меѓу другото, ректорот Коруновски, кој за сегашните и идни академски граѓани додаде:

-Остануваме отворени и доостапни со цел да ги привлечеме сите оние кои имаат желба да ни го доверат своето образование, своето усовршување, сите оние што со своите интелектуални и морални кавалитети, со својата стручност сакаат да придонесат кон побрз развој на високото образование, на науката, во амбиент на еден автономен Универзитет каде основната претпоставка е академската слобода, индивидуалното надградување и потврдување на способностите и квалитетот.

Ректорот на УКЛО на најдобрите дипломирани студенти кои со највисок просек дипломирале на УКЛО во академската 2016/17, и беа доделени и наградите на студентите за истражувачки труд и есеј.

Пред Свечената Академија, беше потпишан договорот за соработка меѓу УКЛО и Општина Битола, а беше положено цвеќе на споменикот на Св. Климент Охридски, во дворот на Ректоратот на УКЛО.

Во културно забавната програма на Свечената академија настапија Хорот “Мелодиум“ со диригентката Марина Коруновска, која ги изведе македонската и академската химна и “Дуото Кировски“ (Љубиша Кировски – виолина и Маја Шутевска – Кировска – пијано).

Текст и фото: С. Ристевски

More from ВестиMore posts in Вести »