Press "Enter" to skip to content

Низ текст и фотографии како Библиотеката го одбележа патронот

Денес и вработените во Националната установа Универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ го одбележа својот патронен празник.

По повод одбележувањето на Патрониот празник, НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола организираше свечена програма кое се одржа на ден во салата за промоции на библиотеката.

Во програмскиот дел настапи Културно – уметничкото друштво, хорот „Стив Наумов“ – Битола под диригенство на Љубомир Трифуновски. 
Воведен збор имаше м-р Јелена Петровска, в.д. директор на НУУБ „Св.Климент Охридски“ – Битола.

Предавање и видео презентација со наслов „Моќта на буквите“ одржа м-р Александар Гулевски.

Исто така, беа претставени изданија на Библиотеката и тоа:
– „Библиографија на магистерски трудови и докторски дисертации одбранети на Универзитетот „Св.Климент Охридски“ – Битола 1991 – 2016 година“, составена од Јоланда Бошевска – библиотекар советник и Гордана Пешевска – виш библиотекар


– Зборникот на излагања од 12-та Роднокрајна средба со битолските писатели во Македонија и
– Списанието „Библиотечен тренд“ бр.44 
Во рамките на одбележувањето на Патронатот, во холот на библотеката поставена е изложба на книги – Свети Климент Охридски, Од Бога даруван – Пастир и учител .

Текст и фото: Фарма Б. Аземовска

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *