Press "Enter" to skip to content

Божикниот и новогодишен концерт на “Хрватската читална“ низ фотографии

Со настап на вокалната група и тамбурашкиот оркестар на “Хрватската читална Херцеговац“, Македонско-хрватското друштво и хрватскиот културен центар „Марко Марулиќ” во малата сала на Центарот на културата, вечерва го одржаа Божиќниот и новогодишен концерт.

-МХД и Хрватскиот културен центар “Марко Марулиќ“, секоја година традиционално го одбележуваат Божиќ, со гостување на ансамбли и групи, од градови од Хрватска или места на балканот, каде дејствуваат хрватски здруженија. Во текот на своето над 25 годишно постоење, ова здружение организираше многубројни гостувања на хрватски здруженија, ансамбли и уметници во Битола, рече претседателот на МХД, Бранко Маретиќ.

Инаку, изведувачите, “Хрватската читална“ во чии состав дејствува и аматерскиот театар Пучка сцена, фолклорното друштво, тамбурашкиот оркестар и вокалната група. Вокалната група е основана пред 5 години, имаат 13 членови, настапуваат под диригентска палка на Николина Марениќ. Изведуваат песни од хрватските региони, а некои од нив и во придружба на тамбурашкиот оркестар , во Битола на сликовит начин гi прикажаа Божинките обичаи во Хрватска.

Фото: С. Ристевски

More from КултураMore posts in Култура »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *