Press "Enter" to skip to content

Во Битола изложба на 760 птици и натпревари по категории (фотогалерија)

Во салата за изложби во Заводот и музеј во Битола вчера, денес и утре се одржува натпревар и изложба на птици, во организација на Здружението за заштита и одгледување на птици “Билбил“ од Битола.

Изложбата и натпреварот “Билбил“ го организира по повод нивниот јубилеј, 20 години од основањето на Здружението, а ова  е 24-от по ред, орнитолошки шампионат на Македонија.

-На оваа изложба и натпревар беа пријавени рекорден број на птици и тоа: 610, канаринци, папагали, егзоти, бастерди, егзоти и папагали и 150 малино, или вкупно од 760 птици. Поради големиот број на пријавени учесници, односно одгледувачи на птици покрај во салата на Музејот, дел пријавените птици се изложени во хотелот “Премиер Центар“. Во “Премиер Центар“ се изложени птиците – малино. Во оваа категорија се птиците за песна, на кои посебна комисија од судии ја оценува нивната “песна“, а оваа категорија за одгледувачите на птици е најтешка за изложување и натпреварување, вели Добри Петровски, член на Здружението “Билбил“ и еден од основачите на ова битолско здружение на одгледувачи на птици.

Организаторите од здружението “Билбил“, се задоволни од бројот на пријавени одгледувачи на птици, кои во Битола, ги донесоа најдобрите во Македонија, а ги покануваат битолчани денес и утре да ја посетат изложбата.

Вчера кога започна 24-от орнитолошки шампионат на Македонија во Битола, започна и работата на судиите, а продолжи и денес. Поради големиот број на пријавени и оценувани птици се уште не се сумирани резултатите, а тие ќе бидат познати вечерва. Каталогот на сите наградени птици веќе се печати, а одгледувачите со сите наградени карегории ќе го имаат утре.

Битолчани кои сакаат да набават некоја птица тоа ќе можат да го направат и на изложбата, бидејќи дел од птиците се за продажба.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *