Press "Enter" to skip to content

Марко “GP“ и тинејџерите од “Fanta Македонија“ на “мeet up“ средба во Битола со 2.000 свои фанови (фотогалерија)

Најпопуларниот “You tuber“ во Македонија, Марко “GP“, предизвика најголемо внимание и еуфорија меѓу своите фанови деца и тинејџери кои во голем број го пречекаа  во кафулето “Артикултура“ каде денес имаше околу 2.000 млади битолчани.

“GP“, “BobiBeatbox“,  “Winncoot“, “IB Producton“, “Steffonator“, “Antonio HD“  и други you tuberi, sе новите идоли на т.н. „сајбер генерации“ кои растат со новите технологи на мобилни телефони, интернет,  социјални мрежи и “You tube“.

Овие млади дечки поставуваат видеа со најразлична содржина и имаат свои “subscribers“.

Најпопуларен меѓу фановите беше Марко, кок повеќе го знаат како “GP“ кој со своите над 60.000 следбеници беше вистинска звезда меѓу фановите кои сакаа да се сликаат со него, му поклонуваа кошаркарски топки и т.н. “фанмејлови“ со најразлични пораки до него и чекаа повеќе од час и половина на направат фотографија, која експресно ја ставаа на фејсбук и инстаграм.

Над 2.000 деца со родители и тинејџери буквално го заробија популарниот “you tuber“.

“GP“ кој е средношколец од Скопје ги испочитува своите фанови и се фотографираше со сите.

Неговиот гест кога најпрво се фотографира со дете во инвалидска количка им остави впечаток на сите кои беа на настанот и сигурно е заслужено херој и идол на новите генерации кои ги следат неговите видеа кои секој ден ги поставува.

Фановите ги испочитуваа и другите “You tuberi“ кои и се звезди на рекламата на Фанта.  

Зборовите не можат да го доловат феноменот и атмосферата на новите идоли на младите, затоа низ форографии сами почуствувате го тоа.

Ж. Ристевска