Press "Enter" to skip to content

Изведувачите од вечерниот Гала оперски концерт на прием кај градоначалничката

Градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, денес оствари средба со директорот на Камерната опера од Благоевград,  Република Бугарија, Петар Радевски и изведувачите, кои ќе настапат на вечерашниот Гала оперски концерт чиј организатор е Камерната опера „Кирил Македонски” од Битола.

Соработката помеѓу камерните опери од Битола и Благоевград, доаѓа по потпишувањето на Меморандумот за соработка и размена на претстави, солисти и музичари, од страна на директорот на  Камерната опера „Кирил Македонски” од Битола, академик Георги Здравев и директорот на Камерната опера од Благоевград, професор Петар Радевски.

Гала оперски концерт ќе се одржи во Големата сала на НУ Центар за култура од 18.00 часот, а влезот е слободен.

More from ВестиMore posts in Вести »