Press "Enter" to skip to content

Топло добредојде за отец Владо од битолчанецот Дамчевски, претседател на Управата на “Св.Петка“-Рокдаел

Откако пред еден ден на сиднејскиот Кингсфорд Смит аеродромот во Сиднеј,  членовите на управата при Македонската Православна црковна општина Св. Петка од Рогдајл, го пречекаа долгоочекуваниот нов свештеник отец Владо Недески со неговото семејство, тој веќе беше и во црквата “Св.Петка“ каде се запозна со нејзината историја и секако со Архимандритот Гаврил.

-“ДОБРО НИ ДОЈДОВТЕ ОЧЕ“. Нека семоќниот Господ Бог се смилува, и нека ви го осветли патот на вас како мисионер кој заедно со Архимандритот Гаврил ќе бидете носители во ширењето на вистината за Македонија, нашата Свети Климентова Православна црква, ќе се залагате за Семакедонско национално обединување. Црковната општина во која доаѓате е крвотокот на Македонската заедница, а друштвото “Илинден“ е промоторот и афирматорот на македонскиот фолклор, јазик и култура. Се надеваме дека сите ваши желби во оваа ветена земја ќе ви се исполнат. Сполајму на Господа што ве испрати меѓу нас и на многу години, му порача претседателот на управата при Македонската Православна црковна општина Св. Петка од Рогдајл, битолчанецот, Борис Дамчевски.

Во телефонскиот разговор Дамчевски не го криеше задоволството дека е пристигнат во најголемата македонска црква “Св. Петка“ новиот свештеник, и додаде дека за сите иселеници, кои ги има најповеќе таму од битолскиот крај ќе има мир во Божјиот дом во Рокдаел и дека по многу тешки години ќе се вратат во врталиштето кое од секогаш таму го имале, како за добри, така и за лоши работи.

И Архимандритот Гаврил му посака добредојде во Сиднеј на отецот Владо Недески со зборовите:

-На отец Владо Недески му посакуваме топло добродојде во Сиднеј, Австралија. Тој ќе биде новиот свештеник во црквата “Св. Петка“ во Рокдаел. Да ти се за многу години Отец, и да ти се смили Австралија!

И сите верници кои животот ги однесе да живеат на најоддалечниот континет во светот, Австралија, му посакаа добредојде на новиот свештеник во “Св.Петка“, и покрај убавите зборови за добредојде, ја искористија можноста да потсетат на некои лоши денови за оваа црква во минатото, со надеж дека тоа нема да се повтори.

Преку социјалните мрежи, голем број на македонци му посака добредојде на новиот свештеник, а меѓу нив се луѓе кои долги години се вклучени во работата на македонската заедница, како Ицо Најдовски – Перин, Тоде Кабровски, Кире Циревски, Љупчо Двојаковски…

More from ДијаспораMore posts in Дијаспора »