Press "Enter" to skip to content

“Поинаку“ ќе презентира проект за решавање на проблемот со бездомни животни

Советниците  на независната советничка група “Поинаку“ утре во 12 часот на плоштадот “Магнолија“ ќе презентираат проект, со кој се надеваат, дека ќе го решат проблемот со бездомните животни во Битола.

Советникот од независната листа “Поинаку“, Габриела Илиевска за утрешната презентација вели:

-Според добиените податоци за 2017 година за бездомни животни на територија на општина Битола, бројот е околу 400 кучиња скитници и непознат број на мачки. Исто така регистирани се и неколку напади од кучиња. Со овој проект, кој утре ќе го презентираме на плоштадот “Магнолија“, ние директно се вклучуваме во решавањето на овој проблем, што ако се реши, ќе знашии подобрување на сликата за Битола, и секако, другото што не е помалку важно, безбедоста на граѓаните.

Според Илиевска, временскиот период за решавање на овој проект е неограничен, бидејќи е факт дека општина Битола нема прифатилиште за бездомни животни, и со самото игнорирање на овој проблем, бројката на скитници станува се поголема, а исто така и опасноста на жителите на Битола.

-“Поинаку“ изготви проект за изградба и одржување на прифатилиште за бездомни животни како подарок за Општина Битола, а на Општината останува само да го одобри проектот, вели Габриела Илиевска, советник од независната листа на “Поинаку“.