Press "Enter" to skip to content

Валентин Груевски: повеќе од половина милион евра за битолскиот спорт во 2018 и 1,3 милиони евра за стадионот

Претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски, денес спортската и битолската јавност ја запозна со ставовоите, размислувањата и очекувањата на Општина Битола за битолскиот спорт во наредната 2018 година.

-Во 2018 година Битола во ставката спорт ќе одвои 550.000 евра рекорд по издвоени пари во еден буџет. Во наредната година ќе издвоиме и 1 милион и 300 илјади евра за стадионот во Битола , со што ќе покажеме дека имаме намера истиот и да го завршиме. Ќе се потрудиме и да ги поставиме и монтажните трибини зад головите со што полека ќе заокружуваме еден сериозен и доста скап проект но неибежен дел од битолската спортска иднина. Знаеме дека фалат и столчињата и рефлекторите ама оваа локална самоуправа нема од ништо леснпо да сее откаже а нема ни од ова. Ќе реконструираме и дел од спортската сала , како дел од проектот за модерна спортска сала која би можела да биде и домаќин на меѓународни натпревари, рече Груевски, кој се осврна и на платите на спортистите од клубовите во кои Општината е доминантен сопственик.

-Денес се исплатени и последните пари за оваа година и кошаркарите и ракометарите си ги добија платите за ноември , долгот кон фудбалскипт клуб одамна е исплатен со што Општината не должи ни денар никому.

За амбициите на Општина Битола за следната 2018 година, во КК Пелистер, Груевски со став:

-Кошаркарскиот клуб Пелистер треба да остане прволигаш и ќе се потрудиме така да биди, а во таа насока Собранието на клубот е во подготовка, би требало да заврши до кова година, ќе имаме нова управа, многу амбициозна и кошарката треба да ја вратиме во интересот на битолчани.

За тоа како се одвиваат работите околу Акционерското собрание на РК Пелистер, Груевски рече:

-За утре е закажано акционерското собрание на кое РК Пелистер ќе добие нов управен одбор, кој ќе има сериозни амбиции. Ја очекуваме подршката од цел град и полна сала за успешен Пелистер. Знаеме  дека стручниот штаб е доста амбициозен и од Општина Битола ќе ја добие целосната поддршка за остварување на своите амбиции. Имаме намера во клубот да вратиме неколку битолски ракометни легенди, да ја реафирмираме ракометната школа и полека да се враќаме на старите патеки. Првата работа што треба да ја направиме е да видиме реално каде сме и колку вредиме па потоа да размислуваме за посериозни достигнувања.

На крајот од обраќањето Груевски се осврна и на и сега најболната точка, фудбаскиот клуб Пелистер, за што рече:

-Ја разбираме загриженоста на фудбалските вљубеници за сегашната сосотојба во фудбалскиот клуб, но на спортската јавност мора да и се јасни неколку факти. Општина Битола е само 25% акционер и за 2017 си ги има подмирено сите обврски. Според нашите сознанија клубот во овој момент должи околу 215.000 евра. Заведен е и судски спор со кој мнозинските акционери од Општината побаруваат 100.000 евра пари кои никако не можеме да ги исплатиме по никоја основа се додека не заврши судскиот спор. До мнозинските акционери имаме две официјални понуди. Не е добро клубот да се остави во оваа состојба и им порачуваме до крај да ја завршат сезоната па после тоа да ги остават акциите. Ако тоа не го сакаат нека ги расчистат сите долгови и нека ни го вратат клубот. Доколу тоа го направат и го остават клубот со чисти сметки спремни сме да го преземиме раководењето и финансирањето на фудбалскиот клуб.

Немаме намера клубот да го изпаѓаме во втора лига, да го уништуваме, сакаме само да го преземиме со чисти сметки. Битола има и сила и фудбалски луѓе и навивачи кои сакаат и ќе му помогнат на клубот. Подготвени сме да обезбедиме и финансии и стручност клубот да продолжи да се натпреварува. Знаеме дека постои огромна нервоза кај љубителите на фудбалот за заминувањето на одредени фудбалери но Битола не може и нема да плаќа играчи кои имале договори од 4.000 евра месечна плата. Ние такви пари немаме. Чиста сметка без долгови, за судскиот процес нема да коментираме и ние ќе го преземиме управувањето на фудбалскиот клуб. Би сакале должничко-доверителските односи да ги расчистиме што е можно побргу, за да ги назначиме новите луѓе и да почнеме со подготовка заа новата сезона која нема да биде нималку лесна, а на крајот од обраќањето со порака:

– На крај Чкембарите. Ја сакаме и ја очекуваме нивната подршка во секој поглед. Ние ќе се одолжиме со чесно работење и со максимална подршка кон новните миленици.

More from СпортMore posts in Спорт »