Press "Enter" to skip to content

Велемајсторот Богдановски ќе игра “симултанка“ со 30 препознатливи битолчани на Славјански

В сабота на пладне во просториите на Меѓународниот Славјанскиот универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола ќе се одржи најинтересниот настан, “симултанка“ на битолчанецот, велемајсторот Влатко Богдановски. На 30 шаховски табли ќе бидат 30 препознатливи битолчани, кои ќе играат против Богдановски, во симултан натпревар.

-Се работи за лица кои се успешни и докажани во својата работа, јавни лица, кои со својот потег ќе помогнат во подигнување на јавната свест кон оваа благородна игра во Битола и Пелагонискиот регион, вели Игор Михајловски, раководител на Меѓународниот Славјанскиот универзитет „Г. Р. Державин“ во Битола, кој за главниот настан додава:

-Секако најважен настан е  дводневниот аматерски шаховски турнир „Державин“ во Битола (22 и 23 декември), кој го организира Меѓународниот славјански универзитет „Г. Р. Державин“, a  ќе се одржи во големата конференциска сала на нашиот универзитет во Битола со почеток од 11 часот.
Интересот за настап на овој турнир е голем, а оваа година покрај битолчани значителен е бројот на шахисти од шаховските клубови од Скопје, Прилеп, Охрид и Куманово. 

Натпреварувачите покрај вредните награди кои им стојат како мотив, ќе имаат можност да играат симултанка со велемајсторот Влатко Богдановски.

Официјален судија на турнирот ќе биде Миодраг Јазаџиевски, а турнирот е помогнат и од Шаховската федерација на Македонија.

More from СпортMore posts in Спорт »