Press "Enter" to skip to content

Фото вест: ВМРО-ДПМНЕ ја блокира крстосницата кај “Гроздот“, сообраќајот во центарот се пренасочува

Членови на ВМРО-ДПМНЕ од Битола протестираат кај крстосницата кај “Гроздот“ со нејзино блокирање, а поради тоа целиот сообраќај се пренасочува.

Сообраќајната полиција за време на два часа колку што ќе трае протестот на неколку места го пренасочува сообраќајот, се со цел возилата да не доажаат до крстосницата кај “Гроздот“. Се пренасочуват возилата кај кружниот тек пред Уредот, кај мостот кај Безистенот, кај Чифтефурни, кај Руската црква и кај Центарот за култура. Исто така се регулира сообраќајот и долж улиците кои водат до крстосницата кај “Гроздот“.

Протестот ќе трае до 18 часот.