Press "Enter" to skip to content

Битолските мотокросисти се селат во Скопје, по Жолтио и Христијан ќе вози за скопски клуб

Кризата која ги зафати битолските мото крос клубови се уште трае, а најповеќе се гледа по тоа што сите возачи бараат клубови надвор од Битола, се со цел да најдат клубови кои ќе можат финански да ги следат бидејќи не се мали, и тешко сам возач, без спонзор да ги издржи.

Ако сите се чудеа дека пред три-четири години, зошто Борче Костов – Жолтио замина Битола и изминатите три сезони вози за екипа од Скопје, Ноќни Волци, деновиве на ваков потег се одлучи и Христијан Станковиќ.

Младиот Станковиќ возеше за мото клубот Мотостарс од Битола, но од идната година ќе вози за Ендуро Тим од Скопје, а нам ни останува само да му посакаме одлична нова сезона во новата спортска средина.