Press "Enter" to skip to content

Новогодишна програма за обединување на учениците, родителите и волонтерите

Националната установа, универрзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ денес и утре ќе организира празнична програма која што ќе ги обедини училишта, волонтери, родители и сите заинтересирани граѓани кои ќе можат активно да учествуваат во новогодишниот изглед на нивното омилено место за читање.

Празнична магија во Библиотеката ја органицираат нашите библиотекари, училишето за странски јазици „ Rosetta Stone“, Здружението за развој на Ромската заедница – „Сумнал“ и ОУ „Коле Канински“ од Битола.

Програмата ја координираат волонтерите од Мировен Корпус David Scrivener кој две години ќе биде дел од тимот на библиотеката и Barbi Stimac од ОУ „Коле Канински“ – Битола, како дел од агенција за волонтерската служба при Владата на САД во соработка со Владата на Р. Македонија.

Денес  во холот на Библиотеката учениците од ОУ „Коле Канински“ ќе се „дружат“ со книгите и ќе ја праваат новогодишна елка, креирајќи го просторот за одржување на новогодишните работилници, а утре од 10-12 часот во холот на Библиотеката ќе продолжат следниве активности: изработка на новогодишна елка, креативна работилница, читање со Дедо Мраз проследени со детски настапи, игра и забава.