Press "Enter" to skip to content

Библиотеката со новогодишна елка како во светските библиотеки, направена со над 500 книги

Сите битолчани кои денес ја посетија градската библиотека, или поточно Националната установа, универзитетска библиотека “Св. Климент Охридски“ во Битола, беа пријатно изненадени од тоа како предпразнично е уреден холот веднаш до влезот.

Оригиналната, одлично уредена новогодишна елка, која е направена од книги кои ги поседува библиотеката, е причина повеќе, поголем број на љубители на книгата да дојдат тука, да позајмат или да вратат книга, или едноставно да дојдат да се фотографираат.

-Ме израдува дека тука има новогодишна елка направена од книги. Вакви новогодишни елки има во секоја светска библиотека, а сега ја имаме тука. Со ќерка ми направивме десетина фотографии кои ќе ни бидат спомен за секогаш, ни рече Христина, која ја чекаше својата ќерка да позајми книга.

Инаку, од библиотеката велат дека ваква новогодишна елка се прави за прв пат кај нив, а но неа има “вградено“ повеќе од 500 книги, кои се наоѓаат во библиотечниот книжен фонд, а истакнуваат дека им е посебно драго што ваквиот начин на новогодишно и божикно украсување многи им го провлече вниманието на битолчани и допринесоа за подобрување на претпразничното расположение.

Новогишната елка во Библиотеката е преубава беа разлика од каде ја гледате, од влезот, од скалите, од вториот кат од каде некои рекоа погледот е најубав. Ние ја фотографиравме од сите места, а сами одлучете од каде е најубав погледот.