Press "Enter" to skip to content

Методија Илиевски: започна реализација на победничката изборна програма

На неколку дена пред изгласувањето на предлог – буџетот на Општина Битола за наредната 2018 година, прес-конференција одржа координаторот на советничката група на позицијата и член на Комисијата за финансии и буџет, Методија Илиевски, односни за одредени проекти како гасификацијата на Битола и за реконтрукција на Офицерскиот дом.

Илиевски на прес-конференцијата за овие два проекти рече:

-Почитувани Битолчани. Се она што беше дел од нашата победничка изборна програма започнуваме да го реализираме. Буџетот на Општина Битола кој се предлага за предстојната 2018 година укажува на наменско трошење на планираните средства согласно законските прописи. Уште во првата година од нашиот мандат започнуваме со реализација на капиталниот проект- гасификацијата, кој е од големо значење за нас како битолчани. Со овој проект ќе се спроведе гас до секој дом, кој е ефикасен и ефтин ресурс за греење . Со реализација на истиот  во голем процент ќе се намали и аеро загадувањето, што позитивно ќе влијае врз животната средина. За овој проект во 2018 година ќе бидат вложени 15 милиони денари, а за Офицерскиот дом додаде:

-Офицерски дом кој е од историско значење за Битола и битолчани, конечно ќе ја доживее својата ренесанса. Општина Битола од буџетот за овај проект ќе издвои 10 милиони денари, а дополнителни 10 милиони денари ќе бидат обезбедени од Владата на Република Македонија односно од министерството за култура. Ова историско обележје повторно ќе блесне во стариот сјај.

More from ВестиMore posts in Вести »