Press "Enter" to skip to content

На Соња од “ТАТ“ не му “дојде умот“, повторно “заглави“ затвор во Идризово за 600.000 евра

Тоа што подолго време се шпекулираше низ Битола, дека против поранешната сопственична на пропаднатата штедилница “ТАТ“, Соња Николовска се води судски спор и дека има пресуда против неа го потврди порталот “Досие“ кој ги следи судските процеси. Таа од повеќе битолчани зема поголема сума пари, а најоштетен бил жител од село Кравари, на кого му зела 300.000 евра.

Тие денес објавија дека деновиве Соња Николовски е повторно е во затвор. Таа е спрoведена во затворот Идризово на издржување затворска казна за измама на неколкумина битолчани од кои успеала да земе над 600.000 евра.

Според пресудата, ојавува “Досие“, Николовска ги измамила битолчаните дека ќе им овозможи да си го вратат заробените пари од нејзината пропадната штедилница. Им рекла дека и требаат пари за рестартирање на познатата битолска свилара со што наводно ќе ги вратела парите, но и ќе вработела нивни роднини. Таа на измаминети им рекла дека судот во Стразбур и го вратил имотот и златото и дека ќе почнела да работи печатницата на нејзиниот починат сопруг.

За парите, според пресудата ветила и камата. Најмногу зела од маж од Кравари околу 300.000 евра. Парите ги земала дел по дел во суми од 40 до 60 илјади евра. Еден од измамените е и нејзин братучед од кого зела најмалку пари. Од него парите ги зела оти се жалела дека дома немаат пари за јадење.

Веста за новата измама на Соња од “ТАТ“ не ги изненади битолчани дека таа го сторила тоа, туку ги изненади тоа дека уште имало битолчани кои му верувале на Соња.