Press "Enter" to skip to content

Работна средба на стручните соработници од основните училишта од Битола

Во петок 22.12 2017 се одржа консултативен состанок на стручните соработници од психолошко – педагошките служби при основните улилишта од Битола. Состанокот се реализира во ОУ„Св Кирил и Методиј“.

На овој состанок психолози и педагози од основните училишта разменуваа мислења и ги  сумираа резултатите од активностите кои се реализираа на почетокот и текот на учебна 2017/2018 год. На состанокот се договорија следните активности за наредните средби во 2018 год.

Претседателот на стручните служби, Билјана Трајковска, педагог од ОУ „Стив Наумов“ истакна:

-На вакви консултативни состаноци се состануваме редовно секои два месеци на кои стручните соработници од сите училишта разменуваат мислења и искуства од својата работа. Образованието претрпува промени и ние треба да бидеме во тек со тие промени и да се соочиме правилно со предизвиците на современото образование. На овие состаноноци психолозите и педагозите разменуваат стручни материјали, литература и психолошки тестови кои им се потребни во нивната работа. На средбите се добиваат информации за учество на меѓународни конференции со заеднички или поединечни трудови.

На овој состанок се разговараше за учество на меѓународната конференција за образование која ќе се одржува во Краков, Полска следната 2018 во мај.

На состанокот се одлучи да се продолжат редовно состаноците и следната година ќе се одржуваат во различни училишта.

More from ВестиMore posts in Вести »