Press "Enter" to skip to content

Во Новата 2018, бидете елегантни со моделите од женскиот бутик “Stone Bridge“ (фотогалерија)

Новогодишната еуфорија започна насекаде околу нас, украсени паркови, излози од продавници, куќи и дворови. Се е накитено и светкаво. Децата се радосни, бираат поклони, а луѓето брзаат за да купат се што им треба за Новогодишните и Божикните празници, кои што потоа доаѓаат. Кога се среќаваат битолчани, низ сите муабети, најчесто е прашањето „каде за новогодишните празници“, а жените пак со друго прашање, “што ќе облечеме за Нова година“.  Но, каде и да сте, бидете дотерани и шик, а астролозите препорачуваат да се купи и носи, нешто ново, за да “тргне годината“ со добро.

За се ова битолчанки да го направат не треба многу да шетаат, бидејќи за нив тука е женскиот бутик “Stone Bridge“ кој се наоѓа на улицата “Никола Тесла“ наспроти Средната стокова. Од бутикот ви препорачуваат, каде и да сте, за да бидете елегантни, посетите го бутикот за женска гардероба, каде секоја дама, ќе си најде нешто за себе.

Женскиот бутик “Stone Bridge“ нуди различни модели на  кошули, модерни во ретро стил со широки ракави кои сe „Must have trend “ за оваа сезона зима и  кошули со чипка која е исто така модерна и како стил е “ин“ за свечени прилики.

Во бутикот ќе најдете најразлични фустани, и тоа долги за свечени пригоди, но и тренди фустани за пообични вечерни излегувања. Во женскиот бутик има и женски костими со пантолони и сакоа во ретро стил од плиш, кој повторно се врати  на голема врата во модата оваа сезона, но и убаво се вклопува во елегантана зимска романтична атмосфера.

Како надополнување на облеката женскиот бутик “Stone Bridge“ нуди и елегантни зимски јакни со крзно и бунди од вештачко крзно во разни бои од пастелна пудра – розе и гријава боја кои се исто така моден тренд и хит за оваа сезона.  Сите тие парчиња облека – јакни, бунди и болероа од крзно ќе ве стоплат, но и ќе изгледате гламурозно во крзното од убави, интересни  и тренди бои за оваа зима.

Во бутикот исто така ќе ве услужат љубезно вработените и при тоа ќе ви помогнат да изберете интересна свечена комбинација спрема вашиот стил и желби, се со цел да блеснете во Новата година.

Женскиот бутик “Stone Bridge“ се наоѓа на улицата “Никола Тесла“, а пред новогодишните празници на битолчанки им нудат и празничен попуст.

More from КомерцијаMore posts in Комерција »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *