Press "Enter" to skip to content

Заврши шаховскиот турнир во организација на Меѓународниот славјански институт – Битола (фотогалерија)

Во отсуство на спортски натпревари вниманието на битолската спортска јавност беше насочено кон единствениот спортски настан, шаховскиот турнир, кој го организираше Меѓународниот славјански институт – Битола на кој учествуваа 42 шахисти.

Овој викенд се одигра деветтото, последно коло по што беа прогласени најдобрите шахисти.

Првото место (златна плакета и лаптоп) го освои Тони Лазов од Неготино (ШК  Алкалоид), кој е  сениорски репрезентативец на Македонија.

Второто место (сребрена плакета и таблет) го освои прилепчанката Викторија Велеска, а третото (бронзена плакета и шаховски сет) Хедон Мифтари од Струга (ШХ Алкалоид).

Наградата за првото место беше доделена од првиот секретар на Амбасадата на Руската Федерација во Р. Македонија, г-дин Александар Алексеев, кој се обрати пред учесниците и го објасни значењето на шахот во Русија и Македонија.

Покрај на најдобрите  доделени беа и специјални плакети за најдобрата шахистка и најперспективниот млад шахист до 18 години.

-Двајца велемајстори (Влатко Богдановски и Трајче Недев), интернационален мајстор Тони Кироски, шаховскиот судија Миодраг Јазаџиевски и барем 15-тина шахисти од клубот предводени од Сашко Павловски, беа на завршницата на шаховскиот турнир “Державин” во чест на 42 млади шахисти кои се натпреваруваа, рече Игор Михајловски, раководител на МСУ – Битола.

Организаторите на турнирот за наредната година најавија дека ќе направат се овој турнир да биде меѓународен и да биде рангиран шаховски турнир.

Во прилог се фотографиите од тоа како се одвиваше турнирот и од доделувањето на наградите.

С. Ристевски