Press "Enter" to skip to content

Професорите Христина Ристевска и Саше Велјановски на престижниот George Mason University во САД

Дванаесет спортисти и спортски работници од Македонија, членови на Националната мрежа на спортски лидери, имаа можност да се стекнат со значајни искуства од спортскиот сектор во САД преку Sports Visitor Program.  

Во оваа програма за прв пат учествуваше македонска делегација. 

Претставници од нашиот град беа м-р Христина Ристевска и Саше Велјановски, професори по спорт и спортски активности.

-Делегацијата посетуваше предавања на престижниот George Mason University на повеќе теми кои опфаќаа американски практики од областите родова еднаквост во спортот, рехабилитација на лица со попречености и нивно вклучување во спорт, разрешување на конфликти и градење на мир преку спорт и спортски активности како и практични примери за тренинзи на млади со цел стекнување на животни вештини, развој на социјално претприемништво итн., рече м-р Христина Ристевска.

Учесниците на оваа програма се сертифицирани и силно мотивирани продолжуваат да работат во овие насоки за развивање на своите заедници.

More from ВестиMore posts in Вести »