Press "Enter" to skip to content

По повод престојните празници нотарите со донација во Домот за доенчиња и мали деца

По повод новогодишните и Божикните празници делегација на Нотарската комора на Македононија донираше производи во Јавната установа Дом за доенчиња и мали деца – Битола, за што од Комората испратија соопшеније во кое се вели:

Хуманоста и споделувањето се неизоставен дел од празничната традиција која Нотарската комора на Република Македонија ја практикува низ годините. Оваа година ја посветуваме на најмалите од ЈУ Дом за доенчиња и мали деца – Битола во кој се згрижени повеќе од 60 дечиња, од најмала возраст па сè до 3 години.

При посетата на Домот на 25.12.2017 година беше предадена донација во согласност со потребите на Домот. Донацијата се состои од технички апарати, бебешка опрема и млечна храна. Делегацијата оствари и средба со директорката Соња Илиевска.

Подадената рака е прифатена од мноштво мали рачиња, а ние се надеваме дека ќе поттикнеме лавина од донации секаде каде што се потребни. Нотарската комора на Република Македонија и во иднина како и досега ќе продолжи со хуманитарни акции и донации во текот на целата година“, се вели во соопштението на Нотарската комора на РМ.

Делегација беше составена од претседателот на Нотарскaта комора на Република Македонија Васил Кузманоски и членот на Управниот одбор Виолета Ангеловска.

More from ВестиMore posts in Вести »