Press "Enter" to skip to content

Градоначалничката Петровска во посета на децата од Заводот “Кочо Рацин“

Креативност, топлина, ентузијазам и прекрасни чувства, денес го исполнија просторот на Заводот за рехабилитација на деца со оштетен слух, говор, глас и други проблеми во развојот „Кочо Рацин“ во Битола.

-Да бидам искрена се чувствувам магично. Човек да се наоѓа во толку убава атмосфера, во вака добар амбиент, навистина е привилегија. И кога размислувам вака, која е најголемата привилегија да се биде градоначалник, мислам токму на ваквите моменти. Драги мои дечиња, да сте ми здрави, живи, среќни, да ги слушате Вашите најблиски, Вашите претпоставени, вработените кои се грижат за Вас…И не заборавајте: Дедо Мраз постои! Тој е љубов, а таа е најважна во животот. Се најубаво во Новата година, им посака градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, на децата во Заводот „Кочо Рацин“.
И овојпат се потврди дека: Детската љубов е најчиста и најискрена. Топлата прегратка и новогодишниот подарок од Дедо Мраз, како силна светлина заблеска наоколу, изразувајќи ја големата радост на децата.
More from ВестиMore posts in Вести »