Press "Enter" to skip to content

Совети за одлуки за промени на себе кои ги донесуваме на почетокот на Новата година

Подтотвила: Жанета Ристевска, психолог

Со  доаѓањето на Новата година сите со возбуда  си посакуваме најубави желби на здравје, среќа, пари … 

Со  Новата година ние сите се чувствуваме како пред еден голем почеток на надежи, желби, промени и исполнување на среќата која толку ја посакуваме. Но би требало да знаеме дека  среќата и да дојде треба правилно да ги искористиме своите можности и потенцијали и ментално добро се справиме со предизвикот кој ни претстои.

На почетокот на годината добро е донесување  на одлуки  за промена на себе. Бидејќи промените и искористувањето на среќата и можностите кои доаѓаат со неа треба да го направиме самите ние.  

Бидете задоволни со тоа што го имате, а не со тоа што го немате. Поставете си цел која сакате да ја направите. Ова размислување ќе ви помогне да бидете поделотворни во својата околина.

Да сфатите дека никој не е совршен. Ако сте искрени со себе и правилно се проценувате тоа ќе ви помогне да немате некои нереални очекувања од себе. Со тоа ќе бидете задоволнио со себе и своите постигнувања.

Развивајте ја својата самосвест. Со анализа на себе, како и на своите потенцијали и слабости. Тоа знаење ви пружа можност во потполност да ги искористите за постигнувања на животни успеси.

Научете како да ги препознаете своите чувства. Поставувајте си прашања на себе „како се чувсвувам?, Зошто така се чувствувам? Да ги препознаете чувствата и емоциите и да се обидете да ги разликувате и анализирате. Но при тоа немојте да ги преувеличувате, ниту минимализирате.

Превземете одговорност за своите чувства. Не барајте надворешни објаснувања за она што го чувствувате, нашите чувства зависат од тоа како ние ја согледуваме ситуацијата. Заради тоа немојте постојано да се прикажувате како жртва на надворешни ситуации. Обидете се да препознаете што чувствувате и обидете се да разберете зарди што тоа го чувствувате.

Предвидете ги своите чувства. Со анализа и рангирање на своите чувства научете однапред како ќе реагирате после одредена случка што ќе се случи. Избегнувајте да правите работи кои инспирираат негативни чувства и емоции кај вас.

Научете да кажете НЕ. Како во смисла на своите внатрешни нагони, желби, пориви. Тоа значи една самодисциплина на тоа што сакаме да го имаме и поседуваме ( Да го цениме она што го имаме, а не да го посакуваме она што не можеме да го имаме). Секако да знаеме да се заштитиме себеси да знаеме кога треба да кежеме НЕ во односите со другите луѓе во различни ситуации.

Прашувајте ги другите луѓе како се чувстуваат (емпатија). Понекогаш не можете да знаете како некој се чувствува, ако не го прашате, освен ако имате нагласено развиена емпатија. Во секој случај морате прво да ги разберете, за да можете да сочувствувате со нив. При тоа слушајте ги внимателно.

Бидете што помалку осетливи. Ако некој ви забележи нешто со што не се сложувате немојте веднаш да се повлекувате или да напаѓате. Овие реакции зборуваат само за тоа како се носите со критицизам. Добро проанализирајте дали за забелешката се во право, заблагодарете на искреноста и запомнете ги нивните коментари.

-Проблемите согледајте ги целосно. Кога ќе ви се случи нешто и мислите дека цел свет ќе пропадне, размислете добро колку е вашиот проблем вистински сериозен и важен. Колку ќе биде важен за 10 години, 10 месеци, 10 седници, 10 минути.

Бидете љубопитни. Ова ги поттикнува вашите интереси, желби и ќе ви помогне да се пронајдете себеси во она што вистински ве интересира и ве исполнува.

Помалку технологија. Оставете ги мобилните за миг Интернетот и социјалните мрежи и вратете се на вистинската и правилна  комуникација со другите луѓе каде чувствата и емициите и емпатијата можат да се видат во вистинско и право светло.

Грижете се за своето физичко и ментално здравје.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *