Press "Enter" to skip to content

Битолската компанија, пиротехника “Бум Бум“, со убавиот огномет го направи дочекот на “Магнолија“ уште поубав

Битолчани кои Новата 2018 година ја дочекаа на плоштадот “Магнолија“ имаа прилика да го гледаат и да уживаат во огнометот со кој ја започнавме новата 2018 година.

Битолчлани уживаа во 300 пукања, за што беа потребни околу 4 килограми барутно полнење, а огнометот траеше точно 3 минути и 40 секунди.

А, за огнометот се погрижи битолска компанија, овластена фирма за набавка, промет и изведба на огномети која е  постои веќе 12 години, а сите оние кои ги користеле нивните услуги ја знаат како  Пиротехника “Буб бум“.

Треба да се каже дека огнометот  беше најубав годинава од цела Македонија, а од Пиротехника “Бум Бум“ истакнуваат, дека за својата Битола го направиле најдобриот огномет, а додаваат дека се било поефективно бидејќи заради љубов кон градот, а поради тоа што не сакале да се посрамотат пред своите сограѓани.

Пиротехника “Бум Бум“ досега има изведба на 312 огномети, вклучувајќи и свадби, родендени, сунети, крштевки, веридби, митинзи, нови години, коледе, дочек на стара нова година – Василица и други приватни забави и веселби.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *