Press "Enter" to skip to content

Порталот www.bitolanews.mk ги доби акредитациите за Европското првенство во ракомет во Хрватска

Најмадиот битолски медиум, www.bitolanews.mk, деновиве доби пријатна вест од страна на Европската ракометна федерација (ЕХФ), со која се потврдува дека овој битолски портал, по проверката од страна ЕХФ, е одобрена акредитацијата за следење на Европското првенство за мажи, кое ќе се одржи во Хрватска.

Порталот www.bitolanews.mk има право медиумски да го покрива Европското првенство за мажи во првата фаза во Загреб, каде ќе настапува Македонската ракометна федерација, а тоа право ќе продолжи и за понатаму ако се пласираат нашите репрезентативци понатаму, односно ако ја помине групната фаза, но и натпреварите во завршницата, односно полуфиналето и финалето.

Со акредитацијата е предвидено Европското првенство да го следиме со новинар и фоторепортер, на сите спортски борилишта, во фан зоните на сите репрезентации, во прес центрите и низ публиката.

Инаку, Европското првенство за мажи ќе се одржи во Хрватска, започнува на 12 јануари, а финалето ќе се игра на 28 јануари 2018 година.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *