Press "Enter" to skip to content

Валентин Груевски: Пелистер е клинички мртов, со осум фудбалери, без опрема и топки, но ако утре се платат долговите има надеж за спас

По повод состојбите во фудбалскиот клуб, денес прес конференција одржа престедателот на Советот на општина Битола, Валентин Груевски, кој е најповикан за средување на состојбите во битолскиот спорт.

Груевски меѓу другото ги повика мнозинските акционери на ФК Пелистер, “Орка Холдинг“, “Пелистерка“, ЗК “Пелагонија“ и “Жито Битола“ до утре да ги платат заостантите долгови кои ги има клубот кон фудбалери, тренери, превозници и други ситни добавувачи, а Општината со чиста сметка Општината ќе го преземе клубот.

Груевски на пресот за сегашнната структура на акционерите рече:

-Општина Битола е 25% акционер во ФК Пелистер, а за 2017 година ги исплативме предвидените средства, 130.000 евра и покрај сите долгови кои ги има општината во 2018 година. 77 проценти од акциите на ФК Пелистер, односно мнозински сопственици се “Орка Холдинг“, “Пелистерка“, ЗК “Пелагонија“ и “Жито Битола“.

За моментната состојба на клубот Груевски рече дека е тешка и додаде:

-Состојбата ја прави потешка тоа што сме на сред сезона, претпоследни на табелата и со мали шанси за опстанок. Клубот е во голема финасниска, кадровска и финансиска криза. Според нашите сознанија, клубот должи само за плати на фудбалерите меѓу 130.000 и 150.000 евра, заклучно со крајот на 2017 година. Му се должат 24.000 евра на поранешниот тренер Наџи Шенсои 24 илјади евра, за превоз  се должат околу 15.000 евра, а се должи кон вработените во клубот, кон менаџери и останати ситни долгови.

За тоа со каков играчки и кадровски кадар Пелистер располага и за тој рече:

-Во Пелистер во овој момент има само осум фудбалери, нема опрема, нема топки, нема ништо. Пелистер е е клинички мртов. Од правен аспект уште мнозински акционери се компаниите, “Орка Холдинг“, “Пелистерка“, ЗК “Пелагонија“ и “Жито Битола“. Иако членовите на управата си поднесоа оставки, не е одржано акционерско собрание и оставките не ги верификувале. Од тој аспект, во овој момент , Општина Битола не може правно да го преземе управувањето со клубот, а Груевски упати апел кон мнозинските акционери:

-Да го исплатат долгот и клубот да го остават со чиста сметка,а потоа ќе почне процедура за преземање на клубот. Вака како што е немаме можности  да го преземеме клубот. Свесни сме за ситуацијата во која се наоѓаме, затоа рокот е денес или најдоцна утре ќе биде рокот да се исплатат долговите и да почне процедура за преземање на клубот, бидејќи по утрешниот ден ќе биде прекасно за клубот. Општина Битола нема да се откаже од фудбалскиот клуб, сакаме да има фудбалски клуб, да има фудбал, но во овој меоемнт  врзани ни се рацете за дејствување. Имаме комуникација со акционерите, тие бараат да им биде исплатен долг од околу 100.000 евра од пред една и пол година, но ние немаме правна основа тоа да го исплатиме. Доколку се исплатат обврските, ние ќе ја санираме остојбата, заврши Груевски. 

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *