Press "Enter" to skip to content

Навивачката група “Чкембари“ се огласи преку фејсбук за новонастанатата состојба во ФК Пелистер

По денешната прес-конференција на претседателот на Советот на Општина Битола, Валентин Груевски, главна тема по социјаните мрежи и во разговорите помеѓи љубителите на фудбалот и спортот во Битола е состојбата во која се наоѓа фудбалскиот клуб Пелистер, која воопшто не е розова.

По низата коментари по социјалните мрежи на битилчани, на социјалната мрежа фејсбук се огласи и навивачката група “Чкембари“ со, како ти го имаат насловено, апел.

Во апелот се вели:

-Да не се дозволи распад на ФК Пелистер, да не дозволиме да се повтори историјата, од куп победници до второлигаши или пак не дај боже исфрлање на клубот во 4-та лига.

Општина Битола, ако останатите акционери во клубот не сакаат да си ги исполнат нивните обврски ве охрабруваме истите да си ги побарате по судски пат.

Не можи некој да се луксузира и да купува мерцедеси од по 100.000 евра а истовремено да си поигрува со спортската гордост на еден цел град.

Исто така сакаме да ве известиме дека навивалката група  “Чкембари“ нема да седи настрана и немо да ги следи овие случувања.

“Пелистерка, ЗИК “Пелагонија“, “Жито Битола“, завршете си ги своите обврски спрема клубот, да не не можите да си ги завршите вашите основни дејности !!!

More from СпортMore posts in Спорт »