Press "Enter" to skip to content

Фотовест: Исчистено коритото на Драгор, кај мостот на излезот од Битола, кај Довлеџик

Возачите кои со автомобилите поминуваат по мостот на реката Драгор на излезот од Битола, кај Довлеџик, поточно кај црквата “Св. Архангел“ поради внимателност не погледнуваат лево-десно, но оние кои поминуваат пешки погледнуваат. И имаат што да видат, од левата страна на патот, кога се излегува од Битола, реката, односно коритото имаат ново лице.

-Некој поединец или фирма или институција го исчистил од сите дрвја, корови, големи и мали отпадоци, коритото на реката Драгот. Поради обраснатоста со високи дрвја некои, посебно помладите, немаа абер дека тука поминува реката Драгор, а беа во право, бидејќи не се гледаше дека тука под мостот има вода-река. Сега е ситуацијата е друга, убаво се гледа дека тука поминува Драгорот, а коритото на реката личи на нешто. Не знам кој го исчистил коритото на Драгорот, да бидам искрен ниту прашав, а многу се израдував. Немав поминато тука долго време, а кога пред некое време како е средено едно запуштено место, ми ја врати надежта дека можеме се да уредиме и да ни биде поубаво, ни рече повозрасен планинар, кој тука поминува кога во зимско и ладно време пешачи кон Снегово, а ни се обрати додека го фотографиравме “новото лице“ на Драгорот.

Без да кажеме кој и како го исчистил коритото на Драгот кај мостот кај “Св. Арангел“ бидејќи не разбравме, да му упатиме јавна благодарност за реализирање на иницијативата, а тоа да биде поттик за други тоа да го направат и на други места, на радост на сите битолчани.

More from ВестиMore posts in Вести »