Press "Enter" to skip to content

Вечерва нема да има коледарски оган на плоштадот “Гоце Делчев“, а МПЦ со апел да не се палат огнови

Вечерва на Коледе нема да биде запален коледарскиот оган на плоштадот “Гоце Делчев“ во Битола, поради големата загаденост на воздухот во овој период одгодината, а поради истата причина не беше запален ни ланската година.

Инаку, Општина Битола во изминатите десетина години организираше палење на коледарски оган на плоштадот “Гоце Делчев“ на кој се собираа голем број на битолчани.

И Македонската правослвана црква се огласи со ставот дека коледарските огнови не се во согласност со преданието на христијанската вера, зашто во време на пост се прават забави, се мрси, а луѓето место во црквите на служба и молитва, се присутни околу огновите, кои се пагански, а не христијански обичај. МПЦ ги повикуваат верниците на богослужба во црква, каде достојно ќе се прослави Христовото раѓање.

Дополнително МПЦ апелира до своите верници на овој начин да спречат дополнително загадување на воздухот во овој период на екстремна загаденост во градовите низ земјата.

More from ВестиMore posts in Вести »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *