Press "Enter" to skip to content

Неработен ден, комуналците на улица, пазарот малку посетен, маалските дуќани отворени, Чаршијата празна…

Денес по повод големиот верски празник Божик е неработен ден, но по вчерашниот ден, кога се славеше Христовото раѓање, кога се беше затворено и градот посебно во попладневните часови беше без вообичаеното движење, денес имаме нова слика.Денес при обиколката на Битола во утринските часови ги забележавме вработените на ЈП “Комуналец“ како го собираат сметот, а беше собран од кај “Јавор“, кај “Обител“… И редовното собирање на сметот денес беше по планот, а екипи беа на сите места од кои се собира сметот во понеделник.

И пазарот во вчерашното мирување утрово полека се будеше. Дел од тезгите со овошје и зеленчук беа полни, а имаше и по некој битолчанец и кај тезгите каде може да се купи се и сешто. Но, мируваа дуќните во Старата битолска чаршија, кои беа затврорени.По вчерашното неработење, денес отворени се сите угостителски објекти, а секако и маалките дуќанчиња, а и големите трговски објекти, а и на бензинските пумпи ја има редовната посетеност.

More from ВестиMore posts in Вести »