Press "Enter" to skip to content

Додека во Битола се расправа кој на кој должи, Вардар се засили со тројца на сметка на Пелистер

Тројца фудбалери на Пелистер денес се јавија на првата прозивка на тренерот на Вардар, Чеде Јаневски. Тројцата зелено-бели кои од денес се црвено-црни се: Христијан Тошевски, Матеј Цветановски и Јован Попзлатанов.

Тројцата сега веќе фудбалери на Вардар, добија исписница на штета на Пелистер, а како причина, како се наведува, е неисплатени плати по договор. Оваа клаузула во договорот може да ја искористат и сите останати фудбалери кои ќе најдат нов ангажман, бидејќи како велат фудбалерите, немаат добиено шест плати.

Во изјавата на Тошевски, дадена за националните медиуми, тој вели дека сака да напредува, а кога ќе те побара шампионот, не можеш да го одбиеш, додава тој.

Ако имаше и малки надеж дека можеби некој од фудбалерите нема да најде ангажман и ќе остане во Пелистер, сега сите заминувања се официјализирани.

И додека сите клубови се засилуваат во Битола, се уште е неизвесно кога и со кој тим ќе започнат подготовките на Пелистер. Изминатата седмица беше пропратена со поставување на рокови за исплаќање на долговите на клубот. Прво претседателот на Советот на општина Битола им даде рок на мнозинските акционери во рок од еден ден да го платат долгот од 130-150.000 евра, потоа тие се јавија со барање за наплата на долг од 100.000 евра од претходното раководство, а за на крај со рок излезе и навивачката група “Чкемабари“ да се платат долговите и тоа од двете страни, мнозинските акционери и Општина Битола.

Каква ќе биде судбината на ФК Пелистер никој не може да каже, но дека полека си одминуваат сите рокови сите знаат.

More from СпортMore posts in Спорт »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *