Press "Enter" to skip to content

Илија Ристевски од младинскиот погон на ФК Пелистер на проба во најсилните српски клубови

Паузата која ја имаат фудбалерите од сите категории на фудбалери на фудбалскиот клуб ја користат за подобрување на формата и секако за наоѓање на нови клубови каде ќе ја продолжат својата фудбалска кариера.

По стапките на повозрасните трга и младиот Илија Ристевски кој со свои 16 години тргнува низ белиот свет, да го печали фудбалскиот леб.

Младиот Ристевски пред неколку дена се врати од Србија каде беше петнаесетина дена на проба во неколку клубови и одигра неколку контролни натпревари, а на еден натпревар постигнал гол.

Ристевски го следеле српските ловци на таленти, кои дале позитивна оценка за неговите квалитети.

Илија Ристевски, сега ја очекува одлуката на спрските менаџери, кои му најавиле “нова контрола“ во идниот месец. Тој доколку ги помине сите тестови Илија ќе започне да настапува за првиот тим.

Во оваа фаза на преговори, разбирливо е дека никој не ги открива клубовите во кои би можел да настапува идната пролет, но до крајот на месецот или до завршувањето на преодниот рок во Србија, ќе се знае каде тој ќе ја продолжи фудбалската кариера.

Инаки, Илија Ристевски е роден 2001 година, а настапуваше редовно за кадетската екипа на Пелистер, а повремено имаше и настапи за младинската екипа на Пелистер, а средното образование го стекнува во Академијата за фудбал во Битола.

More from СпортMore posts in Спорт »