Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер и официјално остана без уште еден фудбалер, а и без тренер од младинскиот погон

Иако неофицијално се знаеше дека и фудбалерот на Пелистер, Благојче Љамчевски, ќе замине од клубот, сепак до официјализирање на тоа деновиве. Љамчевски, во Битола, стави потпис на договорот со претставникот на екипата на Шкупи од Скопје. Екипатата на Шкупи за оваа пролет најави голем буџет, со кој ќе стакува на горниот дел на табелата.

Љамчевски ни рече дека денес ќе биде во Скопје, а утре ќе патува за Анталија, Турција, каде екипата ќе биде на зимски подготовки во траење од 15 дена.

Ако заминувањето на Љамчевски беше очекувано, тогаш заминувањето на Горан Пашовски е сосема неочекувано. Поранешниот голман на Пелистер, Горан Пашовски се откажа од активното бранење во клубот, и беше тренер на младинката екипа, родени 2006 година.

More from СпортMore posts in Спорт »

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *