Press "Enter" to skip to content

Рекордна посетеност за Божик во црквата “Св. Петка“ во Рокдаел, Австралија (фотогалерија)

Ако изминатите години имаше помал број на верници во најголемата црква во Австралија, “Св. Петка“ во Рокдаел, Сиднеј, годинава на радост на сите за време на божикните празници тој број беше најголем.

Богослужби за време на Божикните празници имаше секојдневно, а свечените литургии го предводеше Отец Владо, кој од неодамна е на богослужба во Сиднеј, Австралија.Голем број на верници имаше на Бадник, кога за сите кои беа во преполната сала на Црквата, Управата на “Св. Петка“ проготви мала закуска, што наиде на одобрување од сите кои беа таму. Во, организација на црковниот одбор на верниците им беше послужена и Бадникова погача, а најсреќниот кој ја најде паричката во лепчето, брачна двојка, ќе бидат кумови за идната година.

За жал заради законските прописи на Австралија, во однос на палење на оган на отворен простор, таму не се пали Коледарски оган.Сепак, најсвечено и со рекорден број на верници, наши иселеници, претежно од битолскиот крај, беше на денот на Христовото раѓање, Божик, кога и се одржа свечената литургија. По која беше извршена и света причесна на верниците кои беа во пост во изминатите седмици.Ваквата рекордна посетеност, според верниците од Рокдаел, се должи на доаѓањето на новиот свештеник, Отец Владо, и секако на одличната организација на сите членови на црковниот одбор на црквата “Св. Петка“.

Според фотографиите на социјалните мрежи се гледа дека Божик, донесе многу радост кај верниците, македонските иселеници и кај нивните гости од Македонија кои за време на Новогодишните и Божикните празници во Сиднеј.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.