Press "Enter" to skip to content

По уписот во Централниот регистар, Васко Ковачевски и официјално директор на РЕК “Битола“

Управниот одбор на АД “ЕЛЕМ“ го назначи поранешниот пратеник на СДСМ, Васко Ковачевски, за директор на РЕК “Битола“, а тој од денес и официјално е нов директор откако име е впишано во Централниот регистар, како овластено лице на подружницата РЕК “Битола“ од Новаци во АД “Електрани на Македонија“.

-Менаџментот на АД “ЕЛЕМ“ смета дека Ковачевски, заедно со новиот раководен тим кој е поставен, ќе одговори на предизвиците со кои се соочува најголемиот комбинат за производство на електрична енергија во државата и дека неговото познавање на состојбите во РЕК “Битола“ ќе помогне во консолидирањето на овој значаен производствен капацитет, во насока на постигнување поголема стабилност и сигурност на електро-енергетскиот систем во периодот што следува, соопшти “ЕЛЕМ“.

РЕК “Битола“ од лани во февруари функционираше со вршител на должноста директор на компанијата.