Press "Enter" to skip to content

Битолчани миленици на загрепчани, по вчерашниот слободен ден, денес турбо ракометно (фото)

По победата на Македонија над екипата на Словенија зголемен и угледот на македонските навивачи во Загреб, а каде и да се појават македонските навивачи се поздравени, како од навивачите, така и од обичните граѓани.

Денес и ракометарите на Македонија имаа малку слободно време да се дружат со навивачите, а секако битолчани се дружеа и со капитенот Кире Лазаров.-Кире е наш другар и се  радуваме дека најде малку време да се дружи со нас и со сите навивачи. Денес за сите беше полабаво и сите заедно го поминавме денот, за разлика од вчера кога сите навивачи, поради тоа што беше недела, неработен ден накаде отидоа. Ние бевме во Словенија, во Постојна Јама, а оттаму во Трст. Скоро сите навивачи вчера некаде се “трезнеа“ од радоста по победата над Словенија. Ние вчера направивме добра туристичка тура, а денес е ден за ракомет и се е подредено на вечерашниот натпревар, вели Димитар Митревски, кој заедно со десетина битолчани се можеби најорганизираната група во Хрватска, со брендирано возило, со иста гардероба и со претходно направен план како да ги поминат деновите во Хрватска.Петар Мицков – Ферџо е еден од битолчани бил на повеќе големи ракометни настани, но како вели ваков срдечен прием немал досега.

-Поминавме убаво во Србија, но тука е подобро, иако мислевме дека Хрватите ќе бидат порезервирани, не е така. По се изгледа нивната нетрпеливост со Словенија и нивните проблеми со нив се големи, па по победата на Македонија над Словенија, нашиот углед е многу пораснат, вели низ смеа Ферџо, и додава:

-Наидуваме на одличен прием кај сите, а не храбрат дека можи Македонија и повеќе на ова Европско првенство. Сите бевме денес во фан – зоната и низ центарот на Загреб, а сега сме прибрани “дома“ и за кратко пак излегуваме на зборното место и сите в сала, до нова победа протов Црна Гора. Инаку, во комуникацијата со загребчани кога ќе се спомене Битола, односно нашиот роден град веднаш се раѓа симпанитија, што да бидам малку локал патриот, не е со навивачите од другите градови. Денес се очекува околу 400 битолчани да дојдат во “Роко“ (пред бутки), а оттаму во 17 часот се тргнува за “Арена“.

Никола Пискачев вели дека битолчани се најбројни, но и додава дека и на Европско првенство македонските навивачи ќе остават печат, а тоа како вели тој се гледа на секој чекот низ Загреб.

-Не е само фан зоната место каде сме присутни, не има насекада, а одлично се носиме со сите навивачи од сите земји. Тука е гордост да се биде Македонец. По вчерашниот ден денес сме повторно обединети со една цел, да се победи Црна Гора и се “визира“ патот кон Вараждин, каде ќе продолжат нокаут средбите, вели Пискачот, по вибер коминукација.

С.Р.