Press "Enter" to skip to content

Во продолжениот викенд во Битола, смртен случај, притворени дилери на марихуана, повикани две лица на разговор

За време на продолжениот празничен викенд во нашиот град се случија три настани кои влегуваат во рубриката “црна хроника“, кои се однесуваат на смртен случај од изгореници, уапсени и притворени две лица кои пренесувале опојна дрога марихуана од Алнабија за Грција и полицијата на разгвовор повикала две лица поради за пишување на графити со кои се шири со говор на омраза.

66-годишната В.А. од нејзиниот син била пронајдена мртва во својот дом на улицата „Сремска Митровица“ во Битола, а од полицијата информираа дека од страна на лекар од Итна медицинска помош била констатрана смрт со видливи изгореници кај лицето, како и во пределот на двете нозе и стомакот. Увид на местото на настанот бил извршен од страна на увидна екипа од СВР-Битола, при што било констатирано дека нејзиниот син П.В. (25) ја затекнал својата мајка без знаци на живот на подот во дневната соба, во непосредна близина на кварцната печка. Потоа ја кренал и ја ставил на креветот, по што повикал Итна медицинска помош.СВР Битола до Основното јавно обвинителство  Битола поднесе кривична пријава против С.С. (36) и А.Т. (24), и двајцата од Република Албанија, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело “неовластено производство и пуштање во промет на наркотични дроги, психотропни супстанци и прекурсори“. Двајцата пријавени откако набавиле опојна дрога марихуана,  ја  спакувале во вкупно 47 најлонски паковки, ја ставиле во две транспортни торби и  од  Албанија се упатиле преку Македонија со намера дрогата да ја транспортираат во Грција. По претходно добиени оперативни сознанија  од страна на полициски службеници од ПС за ГП и ГН „Меџитлија“, преземени биле оперативно тактички мерки и во село Лажец, односно во близина на тамошната црква биле забележани двете лица како пеш се движат со две транспортни торби. По кусо време С.С. и А.Т. се фатени со две транспортни торби, и тоа: првопријавениот со патна торба во која што имало 17 најлонски паковки, а второпријавениот е затекнат со патна торба во чија внатрешноста биле спакувани 30 најлонски паковки со опојна дрога марихуана. Од извршената анализа утврдено е дека се работи за вкупно 33,423 килограми марихуана. Од страна на Судија за претходна постапка при Основен суд – Битола, на двајцата пријавени одредена им е мерка притвор во траење од по 30 дена.

Во врска со настан од 19 јануари, кога во Битола  на ул. “Широк Сокак“ на фасадата од зградата беа испишани графити со говор на омраза на македонски и албански јазик, Секторот за Внатрешни работи Битола, Одделението за Криминалистичка полиција, по превземени мерки и активности, го расветли настанот, повикани се две лица од Битола, од кои едното е малолетно, а другото е на возраст од 19 години и извршен е разговор со истите. Против сторителите по целосно документирање на настанот ќе бидат поднесени соодветни пријави, соопшти битолската полиција.