Деновиве основното училиште “Св. Кирил и Методиј“ од Битола, во рамките на проектот на УСАИД “Со читање до лидерство“, беше домаќин на мрежен настан, дел од проектот на УСАИД, “Со читање до лидерство“ компонента 3, Заедници за учење.
Учесници на настанот беа членовите на Заедниците за учење од основните училишта: “Св. Кирил и Методиј“ од Битола, “Св. Климент Охридски“ од Охрид, “Св. Климент Охридски“ од с. Драслајца општина Струга, “Гоце Делчев“ од Могила и “Кочо Рацин“ с. Ивањевци.
За време на мрежниот настан членовите на заедниците за учење од вмрежените училишта учествуваа во заеднички активности со цел остварување на професионална соработка и унапредување на културата на учење во училиштата.Во мрежниот настан членовите на заедниците за учење (наставници, психолози, психолози и педагози) се вклучија со изработени проекти под наслов: “Наставникот како суперхерој во воспитно-образовниот систем“. Во проектите со својата креативност секој се претстави како “суперхерој“ и ги образложи – своите сопствените супермоќи, како ги стекнал супермоќите, слабите и јаките страни на суперхеројот, негови пријатели и непријатели, при тоа секој ја опишуваше својата визија за образованието.
Целта на настанот беше преку активности каде беа дадени предизвици, да се вклучат сите учесници во нивно решавање. Во работилница каде на интересен начин беа дадени предизвици од области на: Инклузија, Професионален развој и предметно-наставен час. Всушност тоа беа предизвици со кои сите се среќаваат низ практиката во воспитно-образовниот процес. Сите учесници се вклучија во нивно решавање употребувајќи ги своите “супермоќи“. На крај низ анализа и дискусија се донесоа заклучоци како искуствата од работилницата да се пренесат во практиката.Членовите на Заедниците за учење во текот на учебната година работат на предизвици од наставната практика и на структуриран начин осмислуваат, имплементираат и рефлектираат интервенции со цел да ја подобрат јазичната и математичката писменост во почетните одделенија.Својата работа ја евидентираат во развојно портфолио во вид на пополнети инструменти, алатки, изработки од ученици, фотографии, рефлексии и друг вид докази за развојната работа.
Целта на проектот “Со читање до лидерство“ е да придонесе за подобрување на јазичните и математичките вештини кај учениците од почетните одделенија, зајакнување на педагошките вештини на наставниците и подигање на свеста кај целата заедница за важноста на јазичната и математичката писменост за интелектуалниот развој на децата.