Press "Enter" to skip to content

Во годишната програма за изградба и реконструкција на државни патишта се патните правци од Битола кон Новаци, Меџитлија и Демир Хисар

На последната Седница на Владата на Република Македонија усвоена е Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2018 година на ЈП за државни патишта, со цел да се стимулира економскиот раст и развој на земјата.

Врз основа на Годишната програма за изградба, реконструкција, рехабилитација и одржување на државните патишта за 2018 година планирани се инвестиции во вкупна вредност од околу 17 милијарди денари, а објавен е и начинот на обезбедување на средства.

За патиштата од Битола кон другите градови е планирано:

Од сопствени средства предвидена е реализација на:

-рехабилитација на делница Битола – Новаци

Со заем од Светска банка ќе се реализираат следните проекти:

-регионален пат Р1305, Битола – Демир Хисар, должина 10 км

 -санација на свлечишта на патот Битола – Новаци

Со заем од Европската банка за обнова и развој ќе се реализираат следниве проекти:

-реконструкција на патен правец Битола-Меџитлија

реконструкција на патен правец Битола-Демир Хисар