Press "Enter" to skip to content

Нови клубски простории и прес на РК Еурофарм Работник пред Челинџ Купот

Ракометниот клуб Еурофарм Работник по повод саботниот натпревар од осмина финалето на Челинџ купот ќе одржи прес конференција на која за нивниот најголем клубски успех се очекува да зборуваат тренерот на клубот Илија Темелковски и ракометарот Михајло Петровски.

Пресот ќе се одржи во новите клубски простории кои се новите згради во комплексот Касарна, а кои денес на новинарите и на гостите на клубот ќе им бидат претставени.

Исто така за потребите на саботниот натпревар изработени се и два плакати со кои се повикуваат битолчани во што поголем број да бидат на трибините во спортската сала “Младост“ во Битола.

Инаку, екипата на Еурофарм Работник осмина финалето од Челинџ Купот ќе го игра во сабота со почеток во 19 часот, во спортската сала “Младост“, а противник ќе му биде норвешката екипа Филинген Бергер.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.