Press "Enter" to skip to content

ФК Пелистер нема да стартува со бело знаме и со намера предвреме да се предаде

Само на два дена пред почетокот на пролетниот дел од оваа прволигашка сезона екипата на Пелистер со силен интензитет ги завршува подготовките.

Додека фудбалерите се подготвуваа на теренот под Тумбекафе и раководството на Пелистер не седеше со скрстени раце и за тоа ја оценуваат состојбата во клубот на два дена пред стартот на продолженито од клубот околу организациската поставеност велат:

-На фудбалски план, според она што кажуваат тренерите на Пелистер, интензивно се привршуваат подготовките за успешен почетокот на продолжението на првенството. Првата сериозна проба ќе биде пелагониското дерби против Победа, во среда, на стадионот “Кукуш“ во Турново, кога Победа е домаќин, а самата средба ќе биде првиот тест за тоа какви биле подготовките на фудбалерите. Во имињата на Трифуновски, Тодоровски, Драгарски, Маневски, Љамчевски, Петровски, Илиоски, Миленковски и останатите, предводени од тренерот Секуловски,  има гаранција дека Пелистер го имаат потребниот квалитет со кој ќе се спротистави на екипите во борбата за бодови и пласман на табелата, осносно дека Пелистер нема така лесно да се откаже од прволигашкото друштво.

Што се однесува пак до тоа како општина Битола, како дел од акционери во клубот, учествува во средување на алармантните состојби во клубот, од Пелистер велат:

-Општина Битола веќе започна да си ги исполнува своите обврски, а веќе се зборува и дека старите акционери сакаат да си ги “исчистат“ сите заостанати долгови и клубот да го остават без денар долг. Кај нив постои и подготвеност за понатамошно спонзорство на Пелистер, без никакви обврски. Ако ова се случи, Општина Битола, како и што најави пред околу еден месец, ќе го преземе целосното раководење со клубот, а се најавуваат и засилувања:

-Има најави и за доаѓање на двајца странци кои само ќе ја зголемат конкуренцијата во Пелистер, а ако се биде вака тогаш Пелистер е далеку од подигање на бело знаме и предвремено предавање во борбата за опстанок. Во секој случај, без разлика што ќе се случи околу организациските работи во Пелистер, очекуваме добри резултати на фудбалерите и секако поддршка од трибините од битолчани, а тоа ќе се случи уште во недела против екипата на Работнички.

С.Р.

Be First to Comment

Напишете коментар

Вашата адреса за е-пошта нема да биде објавена. Задолжителните полиња се означени со *

Mission News Theme by Compete Themes.