Press "Enter" to skip to content

Над двеста основци и средношколци на државно, на ски-патеката “Копанки“ (фотогалерија)

На ски-патеката “Копанки“ над планинарскиот дом “Копанки“ се одржа државното првенство во скијање во дисциплината велесламом.

На ова натпреварување покрај основците и средношколците од Битола на стартот се појавија и скијачи од други градови од  Македонија каде има ски клубови и каде се одржуваа ски-натпревари.

Државното првенство во велеслалом на Пелистер беше во организација на скијачкиот клуб Пелистер и Сојузот за училишен спорт од Битола.

На ски-патеката “Копанки“ се појавија околу 200 натпреварувачи.Поради големиот број на пријавени скијачи организаторите се договорија да нема пробно спуштање по патеката, туку на сите им беше дозволено скијање, односно загравање на ски-патеката од Копанки до Бегова Чешма.

За успешна организација на ова натпреварува се погрижи и “Елем – турс“, а во самата организација беа вклучени и вработените од хотелот “Молика“ на Пелистер.

-На наша радост тука се појавија повеќе од двеста млади скијачи, кои заедно со своите професори го направија овој убав ден на Пелистер, уште поубав. Низ младите скијачи кои, сами гледате, со нетпрение го очекуваат стартот има голем број на добри скијачи, па со право очекуваме да има голема борба за првите места, односно фото-финиш, велат од Сојузот на училишен спорт.За професионално мерење на времето по кое скијачите ќе ја извозат патеката составена од 19 врати (капии) се погрижија управата на скијачкиот клуб Пелистер.

За победниците по категории организаторот обезбеди медали и дипломи.

Текст и фото: С. Ристевски