Press "Enter" to skip to content

Оџаците кои чадат, инспирација за филмот на Христијан Кочовски

Ученикот Христијан Кочовски од VIII одд, од ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Битола повторно се закити со награда за снимениот краткометражен филм  со интересен наслов „Оџаци“ на Фестивалот за краткометражен филм во Шумен, Бугарија.

При средбата со Христијан тој скромно ни кажа дека инспирација за филмот му биле оџаците кои чадат и започнал да ги снима со својот мобилен телефон.

-Со филмот се пријавив да учествувам на Светскиот фестивал за краткометражен филм во Шумен, Бугарија и ја освоив првата награда и диплома за уметнички достигнувања, за која многу се израдував, вели Христијан.Христијан е одличен ученик при ОУ „Св. Кирил и Методиј“ во Битола.Тој е  мултиталентиран и освојува награди и признанија во повеќе области. Низ разговор ни кажа дека член е на кино клуб студио „Милтон Манаки“ и дека ќе ја продолжи традицијата за кинематографија во Битола.

По повод добиената награда беше организиран прием за него од страна на директорот на уличиштето “Св. Кирил и Методиј“, Душко Костовски, кој му посака плодна работа на ова поле и секако многу награди.

Жанета Ристевска

More from КултураMore posts in Култура »