Press "Enter" to skip to content

Александар Димовски – Димса, спортист на Битола за 2017 година (фотогалерија)

Во  организација на Сојузот на спортови на Битола, во ресторанот “Белведере“ беа прогласени најдобрите спортисти на Битола за 2017, во поединечна и екипна конкуренција, а беа доделени и посебни плакети.

На прогласувањето на најдобрите спортистите за 2017 беа присутни градоначалничката на Битола, м-р Наташа Петровска, директорот на владината агенција за млади и спорт, Дарко Каевски, Управниот одбор на Сојузот на спортови, како и повеќе од двеста спортисти од Битола.

Спортистите и гостите ги поздрави претседателот на Сојузот на спортови, Димче Миновски, а на гостите им се обратија и градоначалничката Петровска и директорот Каевски.За спортист на Битола за 2017 година е прогласен Алекдандар Димовски – Димса, боксер, кик-боксер и тренер на млади категории во овие спортови. Големиот пехар му го предаде градоначалниката на Битола, м-р Наташа Петровска.

 Второ пласирана е стрелачката Ана Ивановска, а на трето место е фудбалерот на ФК Пелистер, Гоце Тодоровски. Следуваат ракометарот на Еурофарм Работник, Игор Трајковски, а на петтото место се најдоа двете кошаркарки Теодора Кузмановска и Сара Спировска. Шесто пласирана е Јована Ѓорѓиовска фудбалерка на Топ гол, а седмопласиран е гимнастичарот Иван Крстевски. Осмо пласиран е Мартин Ивановски –стрелец на РЕК “Битола“, деветто пласирана е Симона Ѓоревска, а на последното  10 место се најде Мирко Додевски.

Во екипна конкуренција за најдобра сениорска екипа е прогласена екипата на ФК Пелистер, второпласирана е екипата на ЖФК Топ гол, а на трето место е екипата на стрелачкиот клуб РЕК “Битола“.

За најуспешна младиска екипа за 2017 година е прогласена  екипата на ЖФК Топ гол, а следуваат екипите на ОК Пелистер Волеј и кунг фун клубот Битола.За надежни спортисти на Битола за изминатата година се прогласени: Анета Јанкуловска, Христијан Котевски, Стефан Ѓуровски, Маријана Јоновска, Емилија Трајковска, Даниел Главевски, Симона Стојановска, Матеја Марковска, Леа Бошевска, Софија Славковска, Стефан Богичевиќ, Фросина Петковска, Дамјан Стојчев, Сара Поповска, Марија Марковска, Михаил Талевски, Елена Тасевска, Мила Гугучевска, Габи Гелевска и Андреа Миленковска.

Сојузот на спортови додели и неколку плакети, а на нив се најдоа имињата на Филип Кузмановски и Никола Митревски битолчани кои се најдоа во состав на македонската ракометна репрезентација на Европското првенство во ракомет во Хрватска.

РК Еурофарм Работник и ФК Пелистер добија плакети за претставување на битолскиот спорт на меѓународен план.

Плакета за битолчанец кој води македонска селекција доби тренерот на РК Пелистер, Борче Марковски, кој е селектор на младинската ракометна репрезентација.

Плакета за животно дело доби Марија Чурлевска.

За најдобар спортист од Сојузот на спортови на инвадизирани лица е прогласена Оливера Накова – Бикова, а пехарот и го додели Дејан Каевски.Најуспешен професор од основните училишта за 2017 на Битола е прогласен Предраг Созовски, а за најуспешен професор од средните училишта за 2017 на Битола Јован Христовски.

Најуспешно  училиште на ноќната атлетска трка ”4-ти Ноември“ за 2017, ОУ “Коле Канински”, а за најуспешно  средно училиште на ноќна атлетска трка ”4-ти Ноември“ за 2017, Гимназија “Јосип Броз Тито”.

Најуспешен спортски клуб од основните училишта е прогласен клубот на ОУ “Св. Климент Охридски“, а од средните клубот на Гимназијата “Јосип Броз Тито“.

Текст и фото: Сашо Ристевски