Press "Enter" to skip to content

Татко, мајка и брат повикале полиција да ги одбрани од ќерката, потоа сите заедно ја нападнале полицијата

Синоќа во Битола, тројца полициски службеници од Секторот за внатрешни работи Битола, преземале службени дејствија по пријава од лицето Т.Т. (59) дека неговата ќерка М.Т.(33) го вознемирувала.

Полициските службеници заедно со екипа на Итна медицинска помош се упатиле на местото на настанот и ја затекнале ќерката во физичка пресметка со татко и  и нејзиниот брат (Р.Т.).

Полициските службеници побарале од ќерката (М.Т.) да престане со насилното однесување и да биде прегледана од лекар на Итна медицинска помош, но таа ги нападнала полициските службеници.

При обид на полицајците да ја внесат во возило на Итна медицинска помош, биле физички нападнати од таткото (Т.Т.) и нејзиниот брат (Р.Т.), додека мајката (С.Т.) ги попречувала во преземањето службени дејствија.

Во еден момент таткото (Т.Т.) турнал еден полициски службеник по скалите.

По преземени мерки, таткото, мајката и братот (Т.Т., Р.Т. и С.Т.) биле лишени од слобода, додека ќерката (М.Т.) била пренесена во Клиничка болница Битола.

По укажана лекарска помош на полициските службеници констатирани им се телесни повреди.

Се преземаат мерки за расчистување на случајот, по што ќе биде поднесен соодветен поднесок.

More from ВестиMore posts in Вести »